Turlitava.com

Ќе блесне како нова: Како да ја исчистите вратата од рерната без хемикалии

Чистењето дамки од маснотии може да биде мачна работа, особено ако не го правите редовно. Домаќинките најчесто посегнуваат по хемиски средства мислејќи дека најбрзо и најефикасно ќе ја исчистат вратата од рерната.

Сепак, овие производи се скапи и имаат силен мирис, кој може да навлезе во внатрешноста на рерната, но и да се „всели“ во храната при првите неколку употреби на рерната по чистењето.

За да не ви се случи ова, обидете се на природен начин да ги отстраните дамките од маснотии од вратата на рерната.

Отворете ја вратата од шпоретот, на стаклениот дел истурете слој сода бикарбона, а потоа малку топла вода. Добиената смеса ќе личи на погуста паста.

Оставете ја оваа смеса да отстои на вратата од рерната најмалку половина час, а потоа земете парче алуминиумска фолија, стуткајте ја и употребете ја за енергично да го исчистите стаклениот дел. Комбинацијата од сода бикарбона и топла вода ќе направи маснотијата да се раствори, а триењето со алуминиумска фолија нема да го оштети стаклото, туку ќе го полира.

На крајот од овој процес, само избришете го стаклениот дел од вратата на рерната со влажна крпа од микрофибер и оставете да се исуши.

Exit mobile version