Turlitava.com

Имал повеќе од 80 пластични операции! Овој човек потрошил 70.000 евра за да личи на Кен (ФОТО)

Иако вели дека не сакал да изгледа како популарната кукла, Јуниор Бевилака сега сака да се нарекува себеси „официјален Кен на Бразил“.

Една од главните теми деновиве е филмот „Барби“ кој го полуде целиот свет, а неговата премиера неодамна беше одржана и во Скопје.

Сепак, иако Барби е сè уште омилена кукла на многу мали девојчиња, има некои луѓе кои всушност решиле буквално да го живеат животот на популарната кукла, како и на нејзиното момче Кен.

Бразилецот по име Јуниор Бевилака целосно го промени својот изглед за да личи на популарната кукла. За да има порцелански тен, без ниту една брчка, полни усни, бели заби, коса и општо цело тело, како Кен, потрошил дури 70.000 евра.

Џуниор има направено повеќе од 80 пластични операции, а иако тврди дека неговата првична намера не била да личи на Кен, никој навистина не му верува.

Интересно е и тоа што Бразилецот ги крие своите години, па многумина веруваат дека тој решил да ги направи сите овие операции поради фактот што не прифаќа стареење.

Никогаш не ми беше намерата да личам на Кен. Само имав стил многу сличен на неговиот. Имав иста боја на коса, светли очи и модерна облека, па луѓето автоматски велеа дека личам на него, дури и пред операциите. Сите операции што ги имав беа за да го подобрам мојот изглед – изјавил тогаш Јуниор.

Нанеговиот Инстаграм профил, во описот пишува „Официјална бразилска кукла Кен“, а како што вели и самиот, многу луѓе доаѓаат кај него и сакаат да се сликаат со него.

Exit mobile version