Turlitava.com

Го намалуваат стресот и ја ублажуваат болката: Миленичињата позитивно влијаат на здравјето на нивните сопственици

Домашните миленици, како што се кучињата и мачките, не само што се најдобри крзнени пријатели, туку и позитивно влијаат на здравјето на сопственикот.

Го намалуваат стресот

Играњето со домашно милениче го зголемува нивото на окситоцин (хормон на среќа) во телото и истовремено го намалува нивото на кортизол (хормон на стрес). Расите кои најдобро помагаат во тоа се Јоркширскиот териер, боксер, лабрадор, кадрав бишон, дакел. Експертите од Универзитетот во Њујорк открија дека кога прават нешто стресно, луѓето се посмирени ако нивното куче е во близина.

Тие ја ублажуваат болката

Миленичето може да биде најдобриот лек за хронични болки, како што се мигрена или ревматизам. Откриено е дека луѓето кои закрепнале по операцијата со своите миленици користеле помалку лекови против болки од оние кои немале домашно милениче.

Exit mobile version