Turlitava.com

Виталиа во Њујорк со своите производи на глобална сцена на Summer Fancy Food Show

Виталиа, со своите иновативни производи, се претстави на престижниот Summer Fancy Food Show во Њујорк од 23 до 25 јуни оваа година. Ова значајно учество ја постави компанијата како амбасадор на мапата на глобалната прехранбена индустрија, претставувајќи го македонскиот дух и квалитет на светско ниво.

Под водство на Искра Ветаџокоска-Муцунска, Виталиа се издигнува како лидер во производството на висококвалитетни, природни и нутритивно богати производи. Со фокус на иновации и континуирани вложувања во заедницата, оваа општествено одговорна компанија го носи македонскиот производ на светско ниво.

„Нашето учество на Summer Fancy Food Show претставува успех за Виталиа, бидејќи покрај тоа што ги изложуваме нашите иновативни производи, истовремено ја претставуваме и Македонија“, изјавија од компанијата.

Глобалните трендови се цврсто потврдени кон побарувачката на потрошувачите за веган производи и производи од растително потекло, органски производи, производи формулирани со природни состојки и природни шеќери и производи без додадени шеќери, како и производи без глутен.

Виталиа, со своето широко и разновидно портфолио, најголем интерес привлече со функционалните производи како што се протеинските барови, пробиотската линија (најуникатна на саемот), кето линијата и без глутен производите, како и сировите барови и  овесните каши.

„Постои одредена разлика помеѓу овој саем во САД споредено со европските саеми на кои редовно сме присутни, конкретно кај побарувачката на пазарот и прехранбените навики на американскиот потрошувач . Ако во Европа главен фокус е даден на протеинот и на производите без додаден шеќер, овде е на веган, природно, без глутен, и најголемиот хит – пробиотици (дигестивно здравје)“, истакнаа од тимот присутен на саемот.

Summer Fancy Food Show е саем кој не е отворен за јавноста, туку е насочен кон трејд – клучни купувачи, претставници на retail секторот, производители, дистрибутери, увозници и извозници, трговци, студенти и истражувачи. Со над 2300 излагачи, и околу 30,000 посетители секоја година,  овој настан е од исклучително значење за воспоставување квалитетни контакти и отворање нови можности за раст и развој на националната економија.

Учеството на Виталиа на Summer Fancy Food Show ја истакнува Македонија како земја со потенцијал и капацитет за производство на здрава храна, отворајќи нови патишта за нашите производи и создавајќи нови можности за македонската економија.

Со вакви учества, компаниите имаат можност да испратат порака за својот потенцијал и креативност, како и да се позиционираат на светскиот пазар во областа во која работат.

Exit mobile version