Turlitava.com

Виталиа и оваа година го поддржа Охридско Лето

Крај живописниот брег на најголемиот езерски бисер во земјава, на 12 јули беше отворено 64-тото издание на уметничкиот спектакл „Охридско лето 2024“. Фестивалот и оваа година е поддржан од македонската компанија за здрава храна Виталиа, која е верен пријател и постојан поддржувач на домашната култура и уметност.

Во текот на фестивалските денови оперските пејачи, музичарите и сите кои се претставија на сцената на Охридско лето уживаа во вкусот на иновативните производи направени од здрави состојки, кои ги добија во пакетчињата кои Виталиа ги обезбеди за нив. Секое од пакетчињата содржеше протеински бар со двојно чоколадо, збогатен со магнезиум и високо количество на растителни влакна, како и новата протеинска гранола, која обезбедува импресивни 14 g растителен протеин, идеална за регенерација и екстра енергија.

„Големата и долга традиција на Охридско лето само ни покажува дека работите кои ги сакаме и за кои се грижиме можат да истраат секакви предизвици, секакви времиња, доколку ја имаат нашата поддршка. Овој фестивал претставува еден од стожерите на македонската култура и како таков претставува важен датум во нашиот календар. А како и секоја голема компанија, така и ние во Виталиа сметаме дека е наша одговорност, но и гордост, уште една година да застанеме зад фестивалот и да го поддржиме културното лето во Охрид“, изјавија од Виталиа.

Античкиот театар на 12 јули беше домаќин на свеченото отворање на „Охридско лето 2024“, кое започна со виолинска изведба на Џулијан Рахлин, литвански виолинист и виолист, музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, Шеф диригент на симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин диригент на филхармонискиот оркестар во Турку.

Деветте фестивалски денови донесоа повеќе од 50 различни настани, на кои настапија преку 1.000 артисти. Организацијата на фестивалот се потруди и оваа година програмата да биде сестрана и да понуди по нешто за секого, со музички изведби, претстави, уникатни перформанси, па дури и стенд-ап настап на српскиот актер и комичар Никола Ѓуричко.

Како постојан поддржувач, но и пријател на македонската култура и уметност, Виталиа ја испраќа пораката дека добрите вредности и здравиот живот одат рака под рака, бидејќи и двете придонесуваат за човековата благосостојба.

Exit mobile version