Вечерва во 20 часот на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда, театарот „Чекори“ премиерно ќе ја изведе претставата „Женски работи“ од авторот Жан Клод Дино, а во режија на Маја Ѓурчевска.
Улогите во претставата ги толкуваат Зорица Манева, Ангела Наумовска и Маја Ѓурчевска, суфлер, инспициент, тон и светло мајстор е Никола Димевски.
Делото спаѓа во жанрот црна комедија, а влезниците по цена од 100 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.
Со своето 48-годишно постоење, Театар „Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.