Turlitava.com

Рецепт за посни крофни! Готови за еден час, совршено меки и воздушести

Посните крофни се совршен избор за секој кој сака да ужива во сладок вкус, но во согласност со посебните барања. Овој рецепт нуди вкусни крофни кои не содржат состојки од животинско потекло, па затоа се идеални за вегани, оние кои постат или едноставно сакаат да пробаат нешто ново и здраво.

Меки, однадвор крцкави, а одвнатре сочни, овие крофни се одличен избор за сите празнични и секојдневни моменти.

Во продолжение ви пренесуваме едноставен рецепт за посни крофни кој ќе ве воодушеви!

Потребни состојки:

Начин на подготовка:
За да го направите ова посно јадење, во млаката вода додадете една лажичка шеќер, издробениот квасец и една лажичка брашно. Оставете го квасецот да нарасне. Измешајте посен маргарин и шеќер, потоа додадете ја водата со додадениот квасец и брашното и замесете тесто. Оставете го тестото да нарасне 30 минути и потоа извадете ги крофните со машина за колачиња или чаша со остар раб.

Расукајте го тестото на 6-7 мм и оставете го да нарасне десетина минути. Кога ќе стасаат, секоја крофна развлечете ја уште малку со сукало, но не притискајте премногу. Оставете уште 1-2 минути и потоа испржете ги.

Се пржат на загреано масло, но не врело, да не изгорат наеднаш. Кога ќе ги ставите крофните во зејтинот, свртете ги така што страната што беше на масата сега е одозгора, а онаа што беше одозгора да се пржи прво во масло. Извадете ги на салфетка за да се впијат маснотиите и потоа извалкајте ги во шеќер во прав во кој сте додале ванилин шеќер.

Exit mobile version