Turlitava.com

За само 10 минути подгответе вкусен појадок за целото семејство

Еве една одличка идеја за вашиот појадок, со кој ќе го изненадете семејството.

Количината е доволна за четири порции, содржи спанаќ и јајца, а подготовката трае само 10 минути.

Потребни состојки:

4 јајца
3 лажици маслиново масло
1 мал кромид
450 гр спанаќ
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка бибер

Начин на подготовка:

Загрејте го маслиновото масло во тава. Додадете го ситно сецканиот кромид, динстајте го пет минути и измешајте.

Додајте го измиениот и сецкан спанаќ, сол и биберот и оставете да се пропржи. Направете дупки на спанаќ на четири места, така што ќе можете да ги вметнете јајцата.

Пржете 3-4 минути, како што би пржеле јајца на окото. Послужете го додека е топло.

Добар апетит!

Exit mobile version