Turlitava.com

Посно и вкусно јадење за вечера! Направете брза салата со наут!

Малку наут, домати, зелка и уште неколку состојки ќе ви дадат одлична вечера.
Ако понекогаш сакате да се одморите од месо и мрсна храна, оваа салата е одличен избор за вас:

СОСТОЈКИ:
маслиново масло
сок од лимон
400 гр конзервиран наут
чили пиперка
чаша чери домати
четвртина од мала главица зелка
главица брокула
главица црвен кромид
сол, бибер, босилек

ПОДГОТОВКА:
Брокулата исечкајте ја на цветчиња, кратко бланширајте во солена зовриена вода, па исцедете ја и ставете ја во соодветен сад. Додајте исечкан кромид, рендана зелка, чери домати, лута пиперка, исцеден наут, сол, бибер и босилек. Прелијте со сок од лимон и маслиново масло, измешајте и послужете веднаш.

Пријатен апетит!

Exit mobile version