Turlitava.com

Чоко-малина торта без печење

Чоко-малина торта е одличен избор за благо освежување во секој период од годината. Не треба печење па времето за приготвување е одприлика 30 минути.

Потребни состојки:

1 дел:

2 дел:

3 дел:

Начин на подготовка:

  1. Се припремува првиот дел. Хоплата се загрева и во неа се додава чоколадото за готвење и какото. Се готват на тивок оган околу 5 минути. Се остава на страна да се лади.
  2. Во друг сад на оган се ставаат малините и шеќерот, се додава 100 мл. вода и се готват 5 мин. Пудингот се раствара во 200 мл. вода во друг сад и се додава на малините. Се готви уште 5 мин додека не се добие густа смеса, се додава ванилин шеќер и се трга на страна да се лади.
  3. На тивок оган се растопува путерот, се додава млекото и се додаваат мелените бисквити. Смесата се меша и се распоредува во тавче или калап за торта, се утапкува со лажица или чаша (со дното) за да се направи поцврст слој. Се истура филот со малини, се распоредува и на крај се истура чоколадниот фил. Се остава во фрижидер да се излади и се сервира.

Ве очекуваме со импресии во коментар…

Exit mobile version