Со овој рецепт ќе ги воодушевите вашето семејство и гостите со неговата едноставност во подготовката и одличните резултати во вкусот.
Потребни состојки:
- три поголеми јајца
- 7 лажици шеќер
- 10 лажици млеко
- 8 лажици масло
- 7 лажици брашно
- 3 лажици гриз
- кесичка прашок за пециво
- 500 гр исчистени кајсии
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
Измешајте брашно, гриз и прашок за пециво. Во посебен сад белките со шеќер и во друг жолчките со млеко и масло изматете ги со миксер. Во смесата со жолчките додадете ја смесата со брашно, а потоа и изматените белки. Лесно измешајте со шпатула и истурете во калап обложен со хартија за печење. Во тестото се ставаат сечканите кајсии и се пече во рерна на 170 степени 15-20 минути. Изладете, посипете со шеќер во прав и послужете.