Turlitava.com

Пејачот Андреј од групата ДНК загина во пожарот во Кочани

Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани, дознава „360 степени“ од болнички извори.

Штипската телевизија ТВ Стар објави дека загинал и Филип Стевановски од Куманово – придружен член на дуото ДНК. Во пожарот загина и тапанарот на ДНК, Горги Горгиевски, од
Струмица.

Факултетот за музичка уметност ја потврди смртта на професорката Сара Пројковска.

„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонреден професор м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, соопшти Факултетот.

Пројковска беше придружен вокал на бендот ДНК.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе, а 155 се повредени. За четири лица е распишана централна потерница, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Exit mobile version