Site icon Turlitava.com

Маргот Роби откри на кого прво му била понудена улогата на Барби

Barbie movie 2023

Марго Роби откри дека не била првиот избор за улогата на Барби.
Актерката, која е и една од продуцентите на филмот, неодамна за „Вог“ изјавила дека таа и режисерката Грета Гервиг сакале Гал Гадот да ја глуми Барби, но дека тоа не е можно поради напорниот распоред, пренесува NME.

– Гал Гадот е енергијата на Барби. Таа е неверојатно убава, но не ја мразите затоа што е толку искрена и љубезна – изјавила Марго Роби.

Во меѓувреме возврати и израелската актерка која рече дека е почестена што и е понудена улогата на Барби иако морала да ја одбие.

– Ја обожавам Марго. Таа е една од оние жени со кои сакате да бидете пријатели. Таа е смешна, духовита, паметна и очигледно многу талентирана. Би сакала да работам со неа и трогната сум од она што таа го кажа за мене. Многу сум возбудена за неа и за филмот „Барби“ – истакна Гал Гадот.

Exit mobile version