Деновиве погледите на љубителите на модата беа насочени кон Милано, каде се одржуваше Модната недела, која не ја пропуштија многу светски ѕвезди. Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел привлече големо внимание.
19-годишната Дева Касел беше едно од главните лица на ревијата на познатото дизајнерско дуо Долче и Габана, а се чини дека има ветувачка иднина во светот на манекенството. Инаку, Дева им стана заштитно лице пред четири години, а може да се пофали дека им носела неколку ревии, што е сон на многу девојки кои сакаат да се занимаваат со таа работа.
Како е таму покажа и на својот профил на Инстаграм каде објави неколку фотографии и видеа.
Моника ја имаше Дева во бракот со актерот Винсент Касел, а покрај Дева ја имаат и ќерката Леони, која долго време ја криеја од јавноста и љубопитните очи. Двајцата се запознале во 1996 година кога заедно го снимале филмот „The Apartment“, а се венчале во 1997 година.