Turlitava.com

Зошто Дедо Мраз носи црвено одело! Има само една причина, а таа датира од четвртиот век

Заштитниот знак на најпознатиот празничен лик, Дедо Мраз, несомнено е црвеното одело и капата со бело топче. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто Дедо Мраз носи токму црвена боја?

Многумина мислат дека тоа е поради популарната реклама за газиран пијалак, но тоа не е точно. Иако Дедо Мраз веќе скоро 100 години е дел од разни божиќни кампањи, неговата црвена облека не потекнува од таму.

Имено, во минатото се верувало дека познатиот газиран пијалак ја избрал црвената боја за маркетинг, за да се вклопи со етикетата на својот производ, а уметникот Хадон Сундблом го создал ликот на Дедо Мраз во тој стил.

Сепак, тоа не е единствената причина за неговата црвена облека.

Дедо Мраз, всушност, е инспириран од Свети Никола од четвртиот век, кој бил познат по тоа што им подарувал на сиромашните, носејќи црвени одежди. Црвената боја, исто така, е поврзана со христијанството, симболизирајќи ја крвта од распетието на Христос, пишува „Би-Би-Си“.

Покрај влијанието на Свети Никола, значајна улога во формирањето на денешниот изглед на Дедо Мраз одиграле и илустрациите од магазинот Harper’s Weekly и нивниот соработник, уметникот Томас Наст. Во периодот од 1863 до 1886 година, Наст создал илустрации кои ги поставиле темелите на денешната претстава за Дедо Мраз, вклучувајќи ги идеите за неговата работилница и традицијата на испраќање писма.

Неговиот лик на Дедо Мраз, со голем стомак, стана инспирација за ликот што денес го препознаваме, кој често се прикажува во рекламите.

Значи, Дедо Мраз не настанал преку ноќ, туку е производ на многу влијанија, вклучувајќи го фолклорот, религијата и уметноста. Неговиот препознатлив изглед и црвеното одело се развиле дури кон крајот на 19 век.

Exit mobile version