Turlitava.com

Кога вашата коса е оштетена, ножиците не се секогаш решение! Еве како да ја зајакнете косата

Косата е составена од 90 проценти протеини, поради што фризерите и дерматолозите се опседнати со протеински третмани.

Одењето на фризер е решение за оштетена коса, но не и единствено. Ако постојано ја скратувате кога ќе забележите дека краевите на косата ви се кршат и се плеткаат поради сувост, време е да ги промените вашите навики и производите за нега на коса.

– Миењето, чешлањето, сушењето го оштетуваат површинскиот слој на косата. Овој проблем дополнително се влошува со стилизирање на косата со бојадисување, белење и други хемиски процеси. Треба да се грижите за вашата коса исто како што се грижите за кожата на лицето – вели специјалистот трихолог Кевин Мансуко.

За миење на коса која е екстремно сува и третирана со фарба, таа препорачува производи со кератин и глутаминска киселина, бидејќи и двете состојки се губат со фарбање и избелување на косата.

За зајакнување на коренот на косата, но и збогатување на исхраната со протеини треба да се користат балсами, серуми и маски со висока содржина на протеини.

– Косата се состои од 90 проценти протеини, поради што фризерите и дерматолозите се опседнати со протеински третмани. Протеините ја зајакнуваат косата, ја штитат од губење на влага, ја прават побујна и сјајна – истакнува Мансуко.

Совет плус
Кокосовото и аргановото масло нема да ја направат вашата коса мрсна доколку ги нанесете само до врвовите. Овие масла ќе го хидрираат влакното и ќе помогнат да се заменат изгубените липиди. Нанесете неколку капки на дланката и поминете со рацете низ врвовите на косата, советува Мансуко.

Домашен третман – маслиново масло и жолчки од јајце
Ако вашата коса не е премногу оштетена, можете да се обидете да ја излечите со домашна маска. Најдобрата комбинација од маслиново масло и жолчка од јајце е затоа што ќе ја хидрира косата, па веднаш ќе биде забележливо помека на допир.

Exit mobile version