Turlitava.com

Еуцерин HYALURON-FILLER EPIGENETIC СЕРУМ ги активира гените на младоста и ефикасно делува на сите 10 знаци на стареење на кожата

Дали сте забележале дека некои луѓе стареат побрзо од другите? Дека некои жени на пример на возраст од 48 години, имаат кожа на лицето како да се на 42-та година, и обратно.

Причина за тоа е епигенетиката, односно влијанието од начинот на живот и околината врз нашите гени и стареењето на кожата. Нездравата исхрана, стресот, прекумерното изложување на сонце и загадувањето може да ги оневозможат  или „исклучат“ младите гени, што резултира со видливи знаци на стареење. Тоа е причината дури и еднојајчани близнаци кои имаат иста, идентична ДНК, да стареат различно, бидејќи имаат различен начин на живот. Како што поминуваат годините потребата за нега на кожата на лицето расте.

Замислете си да може повторно да ги реактивираме гените на младоста?

Иновативната  епигенетичка наука за кожата, отвори нови можности и потенцијал кој може да се искористи во процесот на нега и подмладување на кожата. Како резултат на своите 15-годишни епигенетички истражувања, Еуцерин откри како да се реактивираат гените на младоста со помош на патентираната AGE CLOCK технологија.

Резултат на тоа е револуционерниот Еуцерин EPIGENETIC СЕРУМ, најновата иновација во негата против стареење на кожата. Разработен со помош на патентирана AGE CLOCK технологија, базира на алгоритам на епигенетски модели кои ја одредуваат биолошката возраст на кожата, која што може значително да се разликува од хронолошката возраст.

Станува збор за револуционерна Anti-age иновација  резултат на 15 години истражувања, тим од 20 интердисциплинарни истражувачи и клинички тестирани над 50.000 активни состојки, за да се создаде уникатната формула Epicelline –  која ги подмладува клетките на кожата, ги реактивира гените на младоста, ја подобрува ефикасноста на клетките, плус фенотипот на возраста на кожата, а ја има во новиот Еуцерин EPIGENETIC СЕРУМ.

Овој Anti-Аge серум делува на сите 10 знаци на стареење на кожата

Epicelline формулата содржи неколку активни состојки, хијалуронска киселина (која навлегува длабоко во кожата и ги пополнува брчките), глицин-сапонин (кој стимулира сопствено производство на хијалурон, колаген и еластин во кожата), како и еноксолон (кој ја намалува стапката на деградација на хијалурионската киселина).

Овој серум може да го користат млади од 30-40 години, кои сакаат да ја одржат здравата и младешка кожа, но и повозрасните кои сакаат да постигнат видливо помлада кожа на лицето.

Ефикасност на Еуцерин EPIGENETIC СЕРУМ!

Во 98% од случаите кожата изгледа видливо помлада, брчките се намалени, а во 99% од случаите таа е постегната.

Серумот има лесна формула, лесно се апсорбира, не  е леплив и создава пријатно чувство веднаш по нанесувањето. А од оние кои веќе го пробале 100% рекле дека го препорачуваат, дека е одличен и дека редовно ќе го користат.

Серумите се клуч во борбата против стареење на кожата. Покрај крема секоја втора жена веќе користи и серуми.

Exit mobile version