Новото истражување покажа дека при водење љубов не е важна само кулминацијата, туку и воведот, како и разрешувањето на приказната. Имено, повеќето луѓе признале дека копнеат по малку акција пред и после водењето љубов, а постои и магична бројка за максимално задоволство – шест.
Станува збор за таканареченото „правило на шест минути“, според истражувањето нарачано од компании за секс и образование.
Ова истражување опфатило 1.500 Канаѓани на возраст меѓу 18 и 24 години, а било откриено дека оние кои потрошиле шест или повеќе минути на предигра, односно допирање, бакнување и гушкање пред да водат љубов, биле многу задоволни од својот сексуален живот.
Но, интересно е што уште повеќе испитаници (56% од мажите и 55% од жените) биле позадоволни ако поминале исто време во гушкање после водење љубов.
– Често забораваме на можноста која доаѓа од врзувањето после секс. Ранливи сме, се чувствуваме опуштено, се чувствуваме навистина поврзани, така што ова е совршено време за интимност што може да доведе до повеќе сексуално задоволство – објаснува Робин Милхаузен, професор по сексуалност на Универзитетот во Гелф.
Иако и мажите признале дека се позадоволни доколку се придржуваат до правилото од шест минути, студијата покажала дека и без тоа ќе постигнат оргазам, додека мнозинството жени (61 процент) нема.
– Овие податоци покажуваат дека луѓето треба да чувствуваат дека нивното тело се почитува, особено после секс и дека постои заемно пријатно искуство и за двајцата – истакна Интија Лојст, сексуална едукаторка.
Токму затоа експертите се согласуваат дека вреди да се продолжи сексуалното задоволство за минимум шест минути на почетокот и шест минути на крајот, бидејќи тоа може да резултира со поголемо задоволство.