Turlitava.com

Што всушност значат еротските соништа?

Барем еднаш во животот сте имале некој еротски сон… Но, дали знаете што всушност тие навистина значат?

Сега имате можност да го дознаете нивнито значење.

Сонови со поранешниот

Ако често ги сонуваме поранешните партнери, што не значи дека го посакуваат тоа, па затоа го сонуваат. Можеби во реалноста се наоѓате во врска во која се чувствувате помалку несигурни или сте сами и несигурни, па потсвеста ве потсетува на минатото, на времето кога имавте сигурност.

Фатени на дело

Ако имате секс со поранешниот на сон, а ве начека сегашниот партнер, потсвеста ви сигнализира за грижата на совест која ја имате. Вие немате расчистено со минатото, па потсвесно имате грижа на совест за новиот партнер.

Изневерување

Ова значи дека вие имате сексуални желби кои ги потиснувате. Можеби моментално сте во ситуација која се коси со вистинските желби и потреби. Ако сонувате пак дека партнерот ве изневерува, тогаш вие стравувате од осаменост, несигурност или имате поголема потреба од внимание.

Орален секс

Ако сонувате орален секс вие имате потреба од примање и давање задоволство. Тоа симболизира и дека имате креативна енергија и дека сте на правиот пат, но може да значи и дека треба да поразговарате со партнерот за сексуалните желби.

Ејакулација во сон

Ова означува губење на енергија и контрола над работите во реалноста.

Бакнување во сон

Бакнежот сигнализира љубов, рамнотежа, задоволство. Ако гледате како некој друг се бакнува, вие премногу сте оптоварени со туите животи. Ако се разбудите во моментот кога требаше да бакнете некого на сон, тоа значи дека вие не сте сигурни во чувствата на тој човек за вас.

Секс со странец

Сексот со странец, може да укажува на вашиот страв од иднината. Ако пак имате секс со популарна личност, вие сте спремни на се за да постигнете успех.

Оргазам

Задоволството во сонот, го отсликува задоволството од некоја реалност.

Exit mobile version