Ако мажот имал врска со девојка за која емотивно се грижел, нејзиното задоволство е особено важно, па размислува и дали таа навистина достигнала кулминација.
Се смета дека мажите се поедноставни од жените, бидејќи не се замараат за некои работи. Сепак, дури и тие имаат различни размислувања по интимните односи.
Жените често се прашуваат за што размислуваат тогаш мажите, а некои од нив отворено признаа се. Ова е список на најчести одговори.
Дали и таа уживаше?
Овие мисли минуваат низ главите на мажите кои се во врска со девојки со кои штотуку имале секс. Доколку врската е за една ноќ, на мажот ова прашање не му пречи. Отсекогаш имало и ќе има мажи кои се грижат само за сопственото задоволство, но има и такви кои се доволно емпатични и грижливи за да се грижат и за задоволството на својата жена.
Дали навистина доживеала оргазам или го одглумила?
Лажните оргазми станаа актуелна тема, бидејќи се повеќе жени признаваат дека редовно го практикуваат во кревет. Затоа, не е чудно што мажите често си играат филм во главата после секс и се обидуваат да откријат дали навистина сте доживеале оргазам за време на водење љубов или сето тоа било само чин.
Дали некој од нас треба да замине сега?
Кога станува збор за забава за една ноќ, мажот е во дилема – ако се се случило во станот на девојката, дали сега очекува тој да се спакува и да замине или? Иако жените обично сакаат да се гушкаат по сексот, на многу мажи тоа не им се допаѓа и повеќе би сакале што побрзо да ги соберат своите работи и да исчезнат во ноќта.
Дали сум најдобриот со кој спиела?
Секој маж сака да биде најдобар во очите на девојката со која води љубов. За тоа нема сомнеж. Конкуренцијата со тестостерон секогаш некако наоѓа начин да излезе на површина. Додека вие блажено лежите во неговите раце после секс, тој веројатно под впечаток на добрата акција што штотуку ја доживеал ќе заклучи дека дефинитивно е најдобриот дечко со кој сте спиеле.