Turlitava.com

Три причини зошто мачките не сакаат вода

Ако мислите дека мачките не сакаат вода затоа што не знаат да пливаат, се лажете. Колку и да знаат да пливаат, некои многу ретки мачки тоа го покажуваат во пракса, но повеќето од нив не сакаат вода.

Како мачките стекнале толкава аверзија кон водата што нешто поголемо од нивната чинија за пиење природно им е одбивно?

Првото објаснување се предците.

Предок на припитомената мачка е африканската дива мачка. Не морале да минуваат реки за да преживеат, преживеале со најмал извор на вода што можеле да го најдат.

Друго објаснување е дека мачките едноставно не сакаат промена.

Сакаат да имаат рутина за да знаат што да очекуваат. Ако денот им тече по одреден распоред во текот на годината, не можеме да очекуваме дека во лето, кога, на пример, ќе поставиме базен во градината, таа со задоволство ќе скокне во него.

Третото објаснување може сосема добро да се разбере: не и е удобно кога е мокра. Човек се пресоблекува, но на мачката и треба многу време за целосно да и се исуши крзното.

Exit mobile version