Кујнскиот сунѓер освен за миење садови, може да биде многу корисен и за други работи. Доволно е да ставите еден или два сунѓери во фрижидер, поточно во фиоките каде што чувате овошје и зеленчук.
Многу намирници брзо ја губат својата оригинална свежина и арома. Брзо се расипуваат, особено кога станува збор за храна која не може да остане долго во фрижидер. Кога ставате сунѓер во фрижидер, тој апсорбира прекумерна влага, а со тоа може да ја продолжи свежината на храната.
Не заборавајте да ги замените сунѓерите со нови по 10-15 дена. На овој начин ќе заштедите пари и ќе трошите помалку храна.