Turlitava.com

Само два проценти од светската популација ја има оваа боја на очи: тие се исклучително ретки, но не и најретки

Дали знаевте дека само два отсто од светската популација има зелени очи? Околу 16 отсто од нив се со германско и келтско потекло, поточно зелени очи имаат 86 отсто од жителите на Ирска и Шкотска.

Освен по потеклото, луѓето со оваа боја на очи се одликуваат и со други карактеристики. Истражувањето, во кое учествувале 58 трудници, покажало дека дамите со светли очи се потолерантни на болка во споредба со другите, а дека синооките и зеленооките имаат помала непријатност при породувањето. Исто така, тие помалку страдаат од постпородилна депресија во споредба со црнооки мајки.

Иако само малкумина можат да се пофалат со зелени очи, има уште помалку со сиви очи, само еден процент од светската популација. Но, нијансите на сиво може да варираат од зеленикаво до димно сино до кафеаво, што често зависи од околината, особено од количината на светлина. Луѓето со оваа боја на очи најчесто се наоѓаат во Северна и Источна Европа. Од друга страна, најчестата боја на очите во светот се уште е кафената.

Exit mobile version