Никола Тесла се грижел што јаде, каква физичка активност прави бидејќи верувал дека човекот треба да биде активен што подолго.
Во книгата „Моите пронајдоци: Автобиографијата на Никола Тесла“ изјавил дека обично појадувал млеко и јајца, го прескокнувал ручекот и сакал супа од зеленчук.
– Јадам два пати на ден и ги избегнувам сите намирници кои создаваат киселина. Повеќето луѓе јадат премногу зелен лиснат зеленчук кој содржи урична киселина и други токсини. Јадам свеж зеленчук, риба и месо ретко и умерено. Иако рибиното месо е добро за мозокот, создава силна киселинска реакција поради високата количина на фосфор. Киселоста на телото е нашиот најголем непријател во староста. Компирите се одлични и треба да се јадат секојдневно. Содржат скапоцени минерални соли и има неутрализирачко дејство.
Тој потврдил дека избегнува месо во интервју од 1935 година:
– Речиси целосно избегнувам месо. Убеден сум дека за помалку од еден век кафето, чајот и цигарите ќе излезат од мода. Алкохолот, сепак, ќе продолжи да се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку вистински еликсир на животот – изјавил големиот научник.
Познатиот научник беше и голем поддржувач на вежбањето.
– Верувам дека треба многу да вежбате. Пешачам од осум до 10 милји секој ден и никогаш не земам такси или друг превоз кога имам време да ја искористам силата на нозете. Исто така, вежбам со пливање секој ден, бидејќи мислам дека е многу важно. Користам топла купка проследена со долг ладен туш.