Turlitava.com

Објавена е листата на најсреќните земји во 2022 година – еве на кое место е нашата

Од 2002 година, Светскиот извештај за среќа користи статистичка анализа за да ги одреди најсреќните земји во светот. Врз основа на најновиот извештај, Финска повторно е најсреќната земја која четврти пат по ред ја брани титулата.

На листата што секоја година ја составува World Happiness Report, Финска повторно го освои првото место како најсреќна земја во светот за живеење. Се издвојува нивната способност да ја усогласат политиката со општото чувство на благосостојба.

За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализираа сеопфатни податоци од анкети од 149 земји, особено следејќи ги перформансите во шест категории. Категориите се бруто домашен производ по глава на жител, социјална политика и здрав животен век. Покрај тоа, тука е и слободата да се направи сопствен животен избор, дарежливоста на населението како и нивото на корупција.

Со цел правилно да ги споредат податоците за секоја земја, истражувачите создадоа измислена дистопија, полна со „најсреќните луѓе на светот“. Достопија беше примерок, модел врз основа на кој беше создаден единствен комбиниран резултат за секоја земја. Моделот требаше да се оценува во секоја категорија посебно.

Интересно е што првите седум најсреќни земји во светот биле сите северноевропски земји. Финска го зазеде првото место, четврта година по ред, со вкупен резултат од 7.842. По Финска следат Данска со 7.620, Швајцарија со 7.571, Исланд со 7.554, Холандија со 7.464, Норвешка со 7.392 и Шведска со 7.363 бодови.

Најмалку среќна земја во светот за живеење е Авганистан, кој е на 149 место. Оваа позиција може да се препише на ниската стапка на очекуваниот животен век и ниските стапки на бруто домашниот производ по глава на жител. Во последните пет земји се и Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.

Најдобро пласирана земја од регионот е Словенија на 29. место, Србија на 48. место, Хрватска на 59. место и Босна и Херцеговина на 63. место. По нив следат Црна Гора и Македонија на 71. односно 92. место.

Exit mobile version