Turlitava.com

Неколку причини зошто треба да се смееме секој ден

Смеењето е многу важно за нашето здравје. Ова се причините зошто треба да се смееме секој ден! Научниците открија 7 клучни корисни ефекти на смеењето.

Постојат неколку причини зошто треба да се смееме секој ден:

1. Смеењето ги подобрува односите. Истражувањата покажаа дека смеењето побрзо и полесно нè отвора за нови познанства, а во исто време ни помага да ги зацврстиме моменталните врски.

2. Смеењето влијае на меморијата и го намалува стресот. Смеењето го намалува лачењето на хормоните на стресот, особено кај постарите луѓе. Истовремено, докажано е дека смеењето влијае на подобра меморија и концентрација.

3. Станувате поотпорни. Дали некогаш сте се насмеале во непријатни или тешки ситуации? Една студија сугерира дека тоа се случува затоа што смеењето ги регулира емоциите, особено кога се соочуваме со предизвик.

4. Го подобрува здравјето. Некои студии покажаа дека доброто расположение и смеата го намалуваат стресот и воспалението и влијаат на добриот холестерол кај луѓето кои страдаат од дијабетес. Од друга страна, студиите исто така покажале дека самото чекање за крај на шега или смешна приказна влијае на имунолошкиот систем и го подобрува, така што го намалува лачењето на хормоните на стресот.

5. Учиме подобро. Секако, додека студираме, сме концентрирани и многу сериозни. Сепак, некои истражувачи сугерираат дека доброто смеење може да ни помогне подобро да го совладаме материјалот.

6. Попривлечни сме. Една неодамнешна студија покажа дека смислата за хумор и забавниот карактер се многу важни фактори при изборот на партнер за двата пола.

7. Смеата е заразна. Според истражувањата, смеењето е заразно, барем кога е мозокот во прашање.

Exit mobile version