Turlitava.com

Научните истражувања покажаа: Ова се причините поради кои мажите се плашат од брак

За разлика од жените кои фантазираат за идиличен брак, мажите бегаат од него. Француските брачни терапевти открија зошто посилниот пол се плаши од брак.

Фразата „во добро или во лошо“ ја доживуваат како доживотна обврска и товар. Моментот кога ќе го кажат судбоносното „да“ за нив е доброволно откажување од соништата, но и од другите жени.

Повеќето мажи не престануваат да ги преиспитуваат своите чувства дури и по стапувањето во брак, иако тоа никогаш нема да и го признаат на својата партнерка. Се плашат и дека ќе станат лик и подобие на својот татко, кого како дете и тинејџер го сметале за вистинска досада.

Тие се преплашени од брачните рутини, се плашат дека животот ќе им стане здодевен, како и од мислата дека ќе мора да се откажат од некои задоволства (гледање спортска програма, излегување со пријателите…)

Но, повеќето мажи имаат фобија од развод, бидејќи ним, повеќе од жените, им треба семејство како основа. Ако раскинат, тие се чувствуваат како да ја губат земјата. Полесно им е да го поминат животот како ерген отколку да се разведат.

Exit mobile version