Turlitava.com

Накит што секоја жена треба да го поседува

Без разлика дали станува збор за дневна или вечерна комбинација добро избраниот накит секогаш ќе го надополни вашиот изглед и ќе направи да изгледате совршено. Немора да носите некој скап накит дури и да е бижутерија ако знаете добро да ја искомбинирате ќе го постигнете саканиот ефект.

Прстенот со бисер или било какво камче е неодолив на женската рака. Се вели дека рацете зборуваат за вашата личност и во принцип каков карактер сте, па според тоа прстенот претставува дополнување на сето тоа. Блескавиот дијамантски прстен ја истакнува вашата нежност и романтичност.

Рачен часовник независно дали е старински или ултра модерен (сетоа тоа зависи од вашиот стил) ќе истакне колку сериозна личност сте која се грижи за своето време и за времето на другите.

Бисерните обетки се одличен детал на софистицираност потребен во секој изглед и комбинација. Понекогаш и наједноставните парчиња облека ќе добијат сосем друга димензија со овој накит.

Exit mobile version