Turlitava.com

Како на едноставен начин да се ослободите од малите муви од цвеќињата во затворен простор

Многу луѓе сакаат да имаат растенија во затворен простор, но одгледувањето на повеќето од овие цвеќиња не е лесно. Малите мушички кои можат да влијаат на растот и цветањето на домашните растенија се особено досадни, односно ги забавуваат. За ова може да придонесе и премалото наводнување, или премногу, ако растението е на провев, во близина на радијатор, но најлоши се малите мушички.

За среќа, постои едноставен трик откриен од љубителите на цвеќето кој ви овозможува брзо да се ослободите од ситните мувички во саксии, а се што ви треба се неколку кибритчиња. Едноставно заглавете им ги главите во земја на растојание од пет сантиметри од работ на саксијата и полевајте ги цвеќињата. По два дена заменете ги кибритите со нови, а по уште два дена мувите ќе исчезнат од цвеќињата.

На овој начин ќе ги спасите растенијата од мачење и нема да морате да користите разни хемикалии за муви. Поради фосфорот и сулфурот содржани во кибритчињата, почвата во која се наоѓа растението ќе остане здрава, а мувите ќе избегаат.

Exit mobile version