Turlitava.com

Како мачките можат да ни помогнат во борбата против стресот?

Стресот е сеприсутен во современиот свет, а справувањето со него станува сè поважно за нашето ментално здравје.

Сепак, постои необичен сојузник во борбата против стресот – нашите миленици, особено мачките. Имено, мачките покажаа неверојатна способност да пружат емоционална поддршка и да помогнат во намалувањето на анксиозноста кај луѓето.

Мачките имаат одлична способност да ги читаат човечките емоции. Нивното присуство кај сопственикот може да го намали нивото на кортизол, хормонот на стресот и да помогне во ослободувањето на ендорфините, хормонот на среќата, покажаа некои студии.

Програмите за терапија со употреба на мачки стануваат сè попопуларни. Во многу болници, домови за стари лица и центри за ментално здравје, мачките се вклучени во тераписките сесии како дел од програмите за намалување на стресот и зголемување на емоционалната благосостојба.

Истражувањата покажаа дека самото гледање во мачка како си игра или лежи може да го намали нивото на стрес и да го подобри расположението. Нивното присуство, нежност и смирувачка прегратка често имаат корисен ефект врз емоционалната состојба на сопственикот и општата благосостојба. Затоа, прегрнете ја вашата мачка и покажете ѝ колку ја цените.

Exit mobile version