Turlitava.com

Еве што треба да пиете кога температурите се високи – ќе се изненадите, но не е само вода

Доколку сакате на вашето тело да му пружите оптимална поддршка при високи температури, треба да се држите подалеку од слатки пијалоци и да изберете поздрави пијалоци.
Германското друштво за исхрана (DGI) изјави дека има подобар избор од соковите и засладените пијалоци.

Водата од чешма или купената вода ги задоволуваат потребите на телото за хидратација. Ако не сакате да пиете обична вода, можете да ја зачините со овошје или билки, како нане.

Но, во лето не треба да пиете само вода.

Високите температури влијаат на рамнотежата во нашето тело. Кога е многу топло, на нашето тело му се потребни и други супстанции како што се магнезиум, натриум, калциум и калиум. Ги губиме кога се потиме.

На пример, спортските пијалоци содржат особено голем број електролити. Ако преферирате поприродна опција, можете да додадете прстофат сол или малку лимон во еден литар вода.

Секој кој многу се поти поради топлината може да ги користи овие пијалоци за да го врати балансот на електролити. Овие пијалоци се препорачуваат и при топло време.

– Пијалоците без шеќер или пијалоци со намален шеќер се добри и ја гасат жедта во лето – пишува DGI. Затоа, пијалоци кои имаат што е можно помалку шеќер и калории, како што се овошни или билни чаеви.

Заедно со лимонадата и ладен чај, кафето, црниот и зелениот чај не се најдобриот избор за задоволување на потребите за хидратација. Имено, кофеинот и теинот дополнително ја поттикнуваат циркулацијата, што го поттикнува и потењето. Кафето е и диуретик, што значи дека губиме повеќе течност.Алкохолот исто така не ја гаси жедта.

Германското здружение за исхрана (DGI) наведува дека возрасен човек, во просек, треба да пие 1,5 литри вода дневно. Но, кога температурата е висока, потребно е да се внесе повеќе течност – во жештините на здравите луѓе им се препорачува да внесуваат три литри течност дневно.

Exit mobile version