Turlitava.com

Еве по кого познатата кукла Кен го добила името и што е во хороскоп!

Поради големата еуфорија околу новиот филм „Барби“ со Рајан Гослинг и Маргот Роби, време е да им откриеме на гледачите дека Кен е само средно име, односно има и презиме.

Дали некогаш сте се запрашале дали Кен има презиме? Во случај да сте заинтересирани – одговорот е да. Познатата кукла всушност има средно име и презиме и на неа пишува Кенет Шон Карсон, а името го добила по синот на креаторката на Барби Рут Хендлер, која го основала Мател со нејзиниот сопруг Елиот.

Кен е Риба во хороскопот
Кен првпат се појавил на полиците на продавниците во март 1961 година, што значи дека тој е риба во хороскопот. Популарната кукла ја виде светлината на денот две години откако Мател првпат ја претставил куклата Барби.

Создавањето на Кен следеше по жалбите напишани до Мател дека Барби е сингл. Режисерката на филмот за истоимената кукла Грета Гервиг изјавила за „Vogue“:

“Кен е измислен по Барби, за да ја подобри нејзината позиција во нашите очи и во светот. Таквата креација е спротивна од онаа во Библијата, каде што еден човек прв дојде на светот”.

Синот на креаторот на Барби, по кого беил именуван Кен, изјави за Лос Анџелес Тајмс во 1989 година дека тие двајца не се ништо слично.

Кен е „висок“ 30,5 сантиметри и е 1,27 сантиметри повисок од Барби. Двојката е од измислениот град Вилоус, Висконсин. Барби, чие целосно име е Барбара Милисент Робертс, го добила името по ќерката на Рут, Барбара. Таа ја виде светлината на денот на 9 март 1959 година, па и таа, како и Кен, е риба во хороскопот.

Exit mobile version