Многумина не знаат дека WC е кратенка за „water closet“ и потекнува од 19 век. Во буквален превод значи – воден плакар или мала соба со вода.
Сите ја користат кратенката WC, но помалку се знае како дошло до тоа.
Порано кажувањето на зборот „тоалет“ во јавност се сметало за неучтиво, па се појавил изразот WC. Но, луѓето главно не знаат што всушност значат овие букви.
Одговорот на тоа нуди фасцинантен увид во историјата на тоалетите и санитарните јазли. Имено, „water closet“ е кратенка која е создадена многу одамна за да добие пристоен израз за користење на тоалетот во деновите на јавните тоалети.
Се смета дека фразата „water closet“ првпат била употребена во Англија во 1870-тите.
Имено, во 19 век во учтиво општество не се зборувал зборот тоалет, ниту телесните функции биле поврзани со користење на тоалетот. За да се избегне ова, терминот „water closet“ е измислен за да се опише тогашниот нов тоалет за испирање, особено на јавни места.