Turlitava.com

Дали е време за украсување на елката или е сеуште рано? Еве што вели истражувањето

Ноември е при крај и се ближиме до последниот месец од годината. Покрај тоа што зимата се поврзува со студ, овој период од годината кај многу луѓе буди празнично расположение, а почнуваме да размислуваме и за празнично украсување.

Многумина веќе почнаа да се прашуваат дали треба да почнат да ги украсуваат своите домови и дали е рано за украсување на елката? На ова прашање нема правилен или погрешен одговор, се е до вашите чувства, а сите се согласуваат во едно, празничното украсување може да ви даде само позитивно чувство.

– Дефинитивно има придобивки од рано поставување на елката – вели дизајнерот на ентериер Нес Хенкок за Goodhousekeeping и додава:

– Истражувањата покажаа дека може да ви го подобри расположението, а студијата во Journal of Environmental Psychology заклучи дека оние кои ја украсуваат надворешноста на нивниот дом изгледаат попријателски.

Нес објаснува дека опкружувањето со мали нешта што ви носат радост, како новогодишна елка и украси, навистина може да ви помогне да го подобрите вашето ментално здравје во текот на напорниот декемвриски период.

– Раното украсување на вашиот дом може да создаде невролошка промена, скок во хормонот за добро чувство допамин кој може да произведе среќа. Ако раното поставување на елка ви донесе малку дополнителна радост, зошто да не почнеме да украсуваме?

Exit mobile version