Turlitava.com

Астрономите пронајдоа три претходно непознати месечини во Сончевиот систем

Далечните месечини се забележани со помош на копнени телескопи на Хаваи и Чиле, соопшти Центарот за мали планети на Меѓународната астрономска унија.

Една од новите месечини на Нептун го има најдолгото познато орбитално патување, за што се потребни околу 27 години за да се заврши една орбита околу Нептун, рече Скот Шеферд, астроном од Институтот за наука Карнеги во Вашингтон, кој помогна во откривањето на трите месечини. Месечината која орбитира околу Уран, со проценет дијаметар од само осум километри, веројатно е најмалата месечина на таа планета, пренесува АП.

„Се сомневаме дека допрва треба да се откријат уште многу помали сателити“, додаде Шепард.

Земајќи го предвид најновото откритие, околу Нептун има 16 месечини и околу Уран 28.

Exit mobile version