Site icon Turlitava.com

Viber доби нова функција! Милиони корисници се воодушевени од промената

Viber го најави воведувањето на функцијата „Избриши без трага“. Имено, оваа функција ќе им овозможи на премиум корисниците на пакетот Viber Plus да ја избришат испратената порака без да остават никакви траги.

Функцијата се воведува како позитивен одговор на бројни барања од корисници, кои изразија посебен интерес да им биде достапна.

„Избриши без трага“ е ексклузивно достапна за корисниците на претплатничкиот пакет на услуги Viber Plus без реклами, што дава можност за создавање уште попријатно комуникациско искуство приспособено на личните потреби, кое вклучува беџови за потврда, неограничен пристап до Viber налепници, во живо услуги за техничка поддршка и други бенефиции.

Exit mobile version