Turlitava.com

Балкан Прајм Турс заблеска на IFTM Top Resa, прикажувајќи ја убавината на Македонија

Балкан Прајм Турс една од најистакнатите национални компании за дојдовен туризам во Македонија, со своите содржини го привлече вниманието на професионалците во туризмот и туристичките агенции на престижниот саем за туризам IFTM Top Resa поврзан со француското говорно подрачје. Присуството на оваа македонска компанија ги стави во фокусот неискористените туристички богатства на Балканот со особено внимание на магичните делови на Македонија и сиот моќен и неистражен потенцијал.

Во срцето на Париз тимот ги воодушеви професионалците во туризмот посетители прикажувајќи ја Македонија и поширокиот балкански регион со сите свои културни специфики и предели.

Визијата на Балкан Прајм Турс е да ги надмине очекувањата на сите оние со кои соработува водејќи се од својот слоган “Надвор од обичното искуство”. Атмосферата на настанот беше полна со безгранична енергија и ентузијазам што произлегува од потрагата по ново искуство, нови дестинации и култури и самосвест вткаена во патувањето. Со своите приказни за балканот, и луѓето во него Балкан Прајм Турс се здоби со непоколебливата доверба на експертите во туризмот. “Оригиналноста на туристичките понуди кои ги креираме е прашање на став, имање цели, движење кон нашите цели, препознавање на сопствените грешки и развивање на способноста да се прикаже вистината без страв од последици.” – велат тие.

Деновите поминати во Париз беа фантастични за Балкан Прајм Турс бидејќи секоја година тие се стремат да ги подобрат и прошират своите хоризонти. Нивното патување на IFTM Top Resa беше трансформативно, исполнето со емоции, позитивни вибрации, радост и размена со партнери и колеги.

Тие продолжуваат да блескаат на глобалната сцена не само како дојдовен тур-оператори туку и како амбасадори на богатото културно наследство и раскошот на природата што го нуди Балканот. На тој начин, тие оставаат неизбришлива трага во светот на патувањето и туризмот.

Exit mobile version