Спасувачите се уште трагаат по можни преживеани од катастрофалниот земјотрес што пред 11 дена ја погоди Турција, а вчера се пронајдени две лица живи, откако десет дена поминале под урнатините.
Во провинцијата Караманмарас извлечена е жена (42) која преживеала 257 часа под урнатините, јави Анадолија.
На југот на Турција е пронајдена жива тинејџерка (17) која поминала 248 часа заглавена под урнатините, јавува Танјуг.
Во земјотресот во Турција загинаа 36.187 луѓе, додека 108.000 луѓе беа повредени.
Повеќе од 253.000 спасувачи работат на терен, соопшти турската агенција за вонредни ситуации и катастрофи (АФАД).
Најмалку 216.347 луѓе се спасени од погодените области.
Анадолија наведува дека помошта собрана од арапските земји надминала 370 милиони долари.