Turlitava.com

Земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мауна Лоа на Хаваите кој исто така е најголемиот активен вулкан на планетата.

Луѓето околу Големиот остров почувствувале благ трепет на земјата, објавија тамошните медиуми. Градоначалникот на округот Хаваи Мич Рот изјави дека засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Најмалку осум последователни потреси следеа по земјотресот во шумскиот резерват Кау во близина на градот Пахала на југоисточниот дел на островот, соопшти Американскиот геолошки институт.

Во овој момент, нема знаци дека Мауна Лоа ќе избувне.

Научниците од хавајската опсерваторија за вулкани внимателно го следат вулканот за можни промени.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема закана од цунами за Хаваите.

Exit mobile version