Turlitava.com

Во Нови Сад уапсени тројца малолетници! Објавувале заканувачки пораки и фотографии од оружјето што сакале да го однесат во училиште

Припадници на МВР во Нови Сад уапсија тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела загрозување на безбедноста и предизвикување паника и неред.

Се сомневаат дека овие тројца ученици од средно училиште во Нови Сад на социјалните мрежи објавиле заканувачки пораки и фотографии од оружје кое наводно ќе го однесат на училиште.

Со претрес на станот на еден од нив, полицијата пронашла автоматска пушка реплика.

Осомничените малолетници од Нови Сад, Беочин и Темерин се изведени пред надлежниот судија на Вишиот суд во Нови Сад, кој на тројцата им одреди мерка притвор.

Exit mobile version