Протести за енергетската безбедност и заштитата од инфлација организираа симпатизерите на партијата Алтернатива за Германија.
Демонстрантите побараа итна промена на владините политики, кои како што изјавија влијаат на покачување на цените на енергенсите и трошоците за живот.
Пред Бундестагот во Берлин протестите се мирни, а како што пренесоа дел од медуимите демонстрантите протедтираат и против канцеларот Олаф Шолц, Урсула Фон Дер Лајен, ЕУ и НАТО, санкциите против Русија а на некои од транспарентите можеше да се прочитаат пароли од типот сакам руски гас и нафта.
Од друга страна неколку групи најавија контрапротести во знак на солидарност и толеранција низ Европа.