Turlitava.com

Украина испорачала 9,2 милиони тони жито

Во првите осум месеци од оваа година Украина испорача 9,2 милиони метрички тони жито преку романското пристаниште Констанца на Црното Море, соопштија пристанишните власти на овој град.
На овој начин Украина веќе извезла повеќе жито преку Констанца отколку во 2022 година, пренесува Ројтерс.

Обемот на извозот преку оваа рута, сепак, неодамна се намалува поради руските напади врз пристаништата на Дунав, принудувајќи ги украинските извозници да се преориентираат на патните и железничките линии.

Украина е еден од најголемите светски извозници на жито, а Констанца сега е најголемиот алтернативен центар за извоз на украинско жито.

„Романија планира да го удвои транзитниот капацитет на Констанца во наредните месеци, на 4 милиони метрички тони, и верува дека оваа цел е остварлива“, рече романскиот министер за транспорт Сорин Гриндеану.

Тој се состана со официјални лица од Украина, Молдавија, САД и Европската комисија во обид да и помогне на Украина да го одржи извозот на жито откако Русија одби да го продолжи безбедниот транзитен коридор за жито.

Exit mobile version