Синот на легендарниот кошаркар Двејн Вејд и официјално го промени полот и името.
Нејзиното име повеќе не е Зајон, туку Заја откако судот во Калифорнија официјално и дозволи да стане жена.
Зајон (15) побарал да го промени полот во 2020 година. Во последните три години тој се декларирал како трансродова личност, а овој чин наиде на одобрување на поранешната ѕвезда на Мајами, која ја поднела документацијата за промена на полот, додека неговата поранешна сопруга се противела.
Да потсетиме, Двејн Вејд важи за еден од најдобрите светски кошаркари на сите времиња. Три пати освои НБА прстен, а 13 пати беше избран за Ол-стар натпреварот.