Turlitava.com

Силен земјотрес во Јужна Америка: 6,9 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во близина на Наранџал, Еквадор.

Земјотресот бил на длабочина од 75 километри и се случил во 18 часот и 12 минути по наше време.

Американскиот систем за предупредување соопшти дека нема опасност од цунами по земјотресот, пренесува Ројтерс. Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Exit mobile version