Turlitava.com

Швајцарија: Повеќе од половина од лековите изложени во аптеките се неефикасни

Речиси 60 отсто од лековите изложени во аптеките во Швајцарија немаат медицински докажана ефикасност, покажала студијата на болничкиот центар Бил.

Студијата анализирала фотографии од излози од 68 случајно избрани аптеки во Швајцарија, како резултат на што е откриено дека од 970 лекови, само 418 (43,1 отсто) имале докажана ефикасност, пренесува швајцарски портал.

Во студијата, која е објавена во „British Medical Journal Open“, се наведува дека резултатите можат делумно да се објаснат со фактот дека на аптеките не им е дозволено да рекламираат лекови на рецепт, како што се антибиотиците.

– Повеќето од изложените се хомеопатски лекови кои никогаш не се покажале како ефикасни во ниту една студија. Можете да ги пиете во галони и веројатно нема да имате ниту примарни, ниту несакани ефекти – објасни професорот Данијел Жене, кој ја водел студијата.

Сепак, тој посочи дека оваа пропорција се уште е проблематична.

– Ова се изненадувачки резултати кои можат да имаат последици и за пациентите – рече Жене.

Exit mobile version