Turlitava.com

Шпанската полиција уапси маж осомничен за убиство на српски државјанин во Гранада во јули минатата година

Поради престрелката во која загина државјанин на Србија, а еден државјанин на Босна и Херцеговина е тешко ранет, уапсени се пет лица, но потрагата по убиецот се уште трае. Во прашање е Албанец кој лажно се претставувал како Италијанец и кој цело време се криел во градот Адра.

Шпанска полиција
A closeup shot of a police officer with “local police” written on the uniform in Spanish

Тој беше уапсен во раните утрински часови во вторникот. Елитните единици на цивилната гарда упаднаа во куќата и го уапсија пред да може да побегне преку покривот. Сакал да излезе на споредна улица, но таму го чекала група полицајци.

Да потсетиме, Србинот беше убиен во крвавата пресметка кај Гранада, која се случи на 13 јули минатата година. Во престрелката е ранет државјанин на Босна и Херцеговина, кој со хеликоптер бил префрлен во болница и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Шпанската полиција тогаш потврди дека убиениот Србин имал 44 години, но неговиот идентитет никогаш не бил соопштен. Се уште не е познат мотивот за злосторството, а се шпекулира дека дошло до пресметка на две криминални банди за шверц на дрога.

Српскиот државјанин, наводно, бил застрелан со неколку проектили и починал на лице место, додека државјанин на БиХ се здобил со рана во пределот на стомакот, но лекарите од одделението за невротрауматологија успеале да го стабилизираат.

Како што тогаш објавија шпанските медиуми, сè укажува на тоа дека две криминални групи се сретнале на еден од паркинзите во областа на браната Рулс во Андалузија.

Exit mobile version