Turlitava.com

Русија, Украина, Турција и ОН ги продолжуваат преговорите за договор за жито

Преговорите меѓу Русија, Украина, Турција и Обединетите Нации за договорот за жито наскоро ќе продолжат на техничко ниво, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција по дводневните преговори во Истанбул.

„Во рамки на билатералните и мултилатералните состаноци што се одржаа во Истанбул со учество на Украина, Русија и Обединетите нации, договорено е да се продолжи со работа на техничко ниво во четирилатерален формат за да се обезбеди ефективно продолжување на активностите во рамките на договорот за жито“ се вели во соопштението на турското Министерство.

Билатералните преговори меѓу Русија, Украина, Турција и ОН во Истанбул за договорот за жито беа конструктивни, соопшти Министерството за одбрана на Турција.
„Во текот на два дена се одржаа корисни средби со конструктивни пристапи. Во однос на координацијата на враќањето на трговските бродови во нашата земја, кои беа заглавени поради конфликтот во украинските пристаништа, Русија и Украина истакнаа позитивни пристапи во однос на планирањето и спроведувањето на активностите за евакуација. Дополнително, постигнат е консензус во однос на тоа дека оваа операција ќе се користи за евакуација на бродови на други земји“, се вели во соопштението.

Неименуван извор од Истанбул изјави дека договорот за жито најверојатно ќе биде продолжен за два месеци.

Договорот за храна, кој беше потпишан на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН, вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа.

Со координацијата на бродскиот сообраќај се занимава Заедничкиот координативен центар во Истанбул. Од 18 март 2023 година Русија ја продолжи важноста на договорот за 60 дена – до 18 мај, а Украина инсистира договорот да биде продолжен за 120 дена.

На 10 и 11 мај во Истанбул во четирилатерален формат се одржува состанок на високо ниво за договорот за храна.

Exit mobile version