Turlitava.com

Русија ја пренасочува нафтата кон Азија, Африка и Латинска Америка

Русија ќе ги пренасочи испораките на нафта не само во азиските земји, туку и во Африка и Латинска Америка, изјави вицепремиерот Александар Новак на форумот „Недела на руската енергија“.

„Во однос на пренасочувањето, најголемиот дел од нашата нафта ќе биде насочена кон азиско-пацифичкиот регион, кон Индија, Пакистан и други земји во таа насока. Поточно, кон земјите од Африка и Латинска Америка, односно до оние на кои им се потребни нашите енергетски ресурси“ – изјави Новак.

Тој најави и проширување на руските пристанишни капацитети.

„Кога станува збор за транспортот, има пристаништа и нафтоводи. Ембаргото не се однесува на испораките на гасоводи, туку само на поморскиот транспорт. Независно од тоа, сите наши логистички центри кои моментално се користат ќе продолжат да се користат и ќе се прошируваат. Планираме да ги прошириме капацитетите на пристаништето Уст-Луга, Новоросијск и во регионот Приморски за околу 40 милиони метрички тони; што е доста голем волумен“ – рече Новак.

Exit mobile version