Turlitava.com

Пукање во основно училиште во центарот на Белград, убиени се осум деца и еден чувар

Во престрелката што утринава се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, загинаа осум деца и еден обезбедувач, додека шест деца и еден наставник се ранети и во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова – соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од седмо одделение од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело.

Малолетник утрово околу 8 часот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и со пиштол почнал да пука во ученици.

На терен веднаш излегле возила на брзата помош и полицијата. Влезот во Улицата Краља Милутина каде што се наоѓа училиштето била веднаш блокирана и се работи на расчистување на случајот.

Exit mobile version