Во медиумите денеска одекна веста дека кралицата Елизабета е во тешка здравствена состојба, како и тоа дека целото семејство дошло во Бакингемската палата да биде со неа.
Кралицата Елизабета пред неколку дена се сретна со Лиз Трас, а при „бакнувањето на раката“ експертот за кралското семејство, новинарката Даниела Елсер, забележала неколку работи, што предизвика општа загриженост.
– Првото нешто што беше забележано е дека таа користи бастун за да оди во затворен простор, што беше многу необично, бидејќи се потпираше на него со сета тежина – рече таа.
Исто така, јасно се гледала голема модринка на десната рака на кралицата Елизабета Втора, која се нарекува „сенилна пурпура“ и се јавува на кожата на многу стари луѓе. Г-ѓа Елсер истакна дека ова не е прв пат 96-годишна жена да биде забележана со овој белег на нејзината кожа.
– Ова не е прв пат да се појави вака, со големи дамки кои јасно се гледаат на нејзината рака на фотографиите. Истото можеше да се види во 2019 година, за време на нејзината средба со кралицата Ранија и кралот Абдула.